Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Македонски Телеком на својата веб страница го објави прекрасниот подарок за своите корисници

Македонски Телеком како општествено одговорна компанија на својата интернет страница утрово објави дека во овие моменти кога начинот на живот и работа е многу поразличен од вообичаено, важно е да бидеме поврзани од дома и солидарни.

Македонската компанија на сие свои корисници им доделува бесплатен мобилен интернет во количина 10 гигабајти, кој ќе може да го искористат сите граѓани до 15-ти април.

– Дигиталната комуникација, во овие услови е клучна за непречено одвивање на работата, затоа двојно ќе ги зголемиме и капацитетите на фиксниот интернет за сите деловни корисници кои на своите вработени им обезбедуваат работа од дома. Ќе обезбедиме и двојно повеќе фиксен интернет за сите приватни корисници, се вели во соопштението на Македонски Телеком.

Компанијата на своите корисници на телевизија им овозможува гратис следење на најпопуларните спортски, филмски, детски, музички и информативни пакети, а најавуваат уште соддржини.

Од компанијата на својата интернет страница посочуваат дека нивниот приоритет е да го оддржат капацитетот на мрежата и интернетот беспрекорен, а исто и да се биде солидарен.

Можеби ќе ве интересира

МФ: ММФ ги нотира и поздравува заложбите на Владата за фискална консолидација

ДЕСК

Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините

ДЕСК

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ДЕСК