Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

МНР формира координативно тело за помош на државјани кои се заглавени на граници и аеродроми во други држави

Министерството за надворешни работи формира координативно тело за помош и поддршка на македонските државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот.

Сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
+389 75 446 647 (редовна линија)
+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Уште еднаш, МНР апелира, врз основа на официјалните мерки и препораки, сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК