23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Лукаревска: “Парите назад кај граѓаните” приотитет на СДСМ и во новиот мандат, лимитот на МојДДВ ќе се зголеми на 2300 денари

Прес-конференција на Сања Лукаревска, од коалицијата „Можеме“ – интегрален текст

 

СДСМ вети и оствари!

Во 2016 година, СДСМ на граѓаните им го вети концептот “парите назад кај граѓаните” и тоа го направи и ќе го прави!

Владата предводена од СДСМ ја укина радиодифузната такса, воведе евтина тарифа на струјата, со што на семејствата им стигнуваат пониски сметки за плаќање, односно со воведување на оваа мерка 11 милиони евра остануваат кај граѓаните.

Го слушавме гласот на народот и ги намаливме трошоците за катастар, за адвокатски, нотарски и извршителски услуги, казните сериозно ги намаливме!

Можеме! Уште повеќе, уште подобро!

Почитувани,

Преку проектот МојДДВ досега кај граѓаните се вратени околу 8,5 милиони евра!

Овој успешен проект го продолжуваме и во новиот мандат и ќе го зголемуваме лимитот по поединец на 2 300 денари за тромесечие и 9 200 денари годишно, односно на 36 800 денари за
просечно четиричлено семејство.

Покажавме дека со СДСМ платите растат!

Ветивме прочена плата од 30.000 за цел четиригодишен мандат. Денес, само по две и пол години таа е близу 27.000 денари. Ветивме минимална плата од 16.000 денари за цел мандат. Денес, таа е 14.500 денари по само две и пол години.

Можеме! Уште повеќе. Уште подобро!

Во новиот мандат ќе обезбедиме минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот.

Платите во образованието и здравството ќе пораснат за 20%!

Тоа е нашата понуда до граѓаните којашто ќе ја оставариме до 2024 година!

Ако за само две и пол години успеавме да отвориме над 67.000 нови работни места, и стапката на невработеност ја донесовме на историски минимум од 16,6 отсто, МОЖЕМЕ и знаеме за 4 години да отвориме нови 100.000 работни места, со што стапката за невработеност ќе падне под 8 отсто.

Пензиите годинава пораснаа за рекордни 722 денари, а со усогласувањата ќе пораснат и до 900 денари до крајот на годината.

Почитувани,

Во новиот мандат нудиме предвидливо деловно опкружување!

До 2023 година Владата предводена од СДСМ, персоналниот данок во ИТ индустријата ќе го намали до 0% и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023.

Данокот на добивка останува на ниво од 10% во целиот период 20-24 година, но
остануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен
процес на разговори и креирање консенсуз за воведување на иститот.

Ќе направиме реконфигурација на ДДВ преку воведување на единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторантски услуги, намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги, подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишен
промет од 01.01.2022 и изедначување со прагот на ослободување на данок на
добивка до 3 милиони денари годишен промет.

Почитувани,

Успешните економски политики на Владата предвдена од СДСМ се препознаени и потврдени преку сите економски параметри.

Последен доказ е растот на БДП од 3,6 осто за 2019 година што е повеќе од проектираните 3,5 отсто.

Само ние можеме за две години од рецесија од минус 1,8 отсто да направиме така сериозен раст на БДП.

Развиваме држава за достоинствен живот. Држава со пристојна живеачка во која сите ќе заработуваат. Градиме систем во којшто трудот на работниците ќе се вреднува и ќе се плаќа. Градиме држава во која младите ќе останат тука да живеат, да работат, да напредуваат еднакво со нивните врсници од Европа.