„Апелирам на сериозност од секој еден политички субјект, здравјето е пред се, се друго е небитно, се друго е споредно во целокупниот овој случај, ние сме тука да ги носиме нашите одлуки согласно препораките кои што ги има институциите. Затоа ја одложивме целата агенда на претседателот Заев три дена нема никакви средби, со комори , активист, со членови, со граѓани“, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во неговото вечерашно соочување со генсекот на ВМРО ДПМНЕ во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Премногу е сериозна работата. Здравјето јавно на сите граѓани е пред се и тука нема дилема. сметам дека граѓаните апсолутно имаат висока доверба во институциите, во министерот, во сите оние кои што се справуваат треба да има дадеме целокупна поддршка“, истакна Николовски, во неговото вечерашно гостување во „Топ тема“.
„Јас ќе се воздржам од било какви неболузи кои што ги слушаме и служнавме овие денови од ВМРО – ДПМНЕ, со кривични пријави за Венко Филипче, со максимално злоупотребување на состојбата која што во целиот свет во сите региони и во нашата земја ја има, мислам дека крајно сериозно треба да се поставиме со сите овие случувања и да престанеме да теми какви што се овие со ширење на лаги, со кривични пријави“, посочи Николовски.
„Ние сме едно 7 – 8 месеци во системска комуникација со граѓаните, во остварување на илјадници средби кои штои ги имавме во предходниот период и за нас буквално теренот, активностите, комуникацијата со граѓаните се една перманентна активност, којашто системски ја водиме овојпат со нови методи, алатки, со нови стандарди на политичко делување, кое што го воведовме во овој период и активности кои што пред се за заокрожување на програма, на кандидати, на понуда. Ние сме целосно подготвени за нас не сметаме дека во овој момент се отвора прашањето за одлагање на изборите“, порача ген-секот на СДСМ, Љупчо Николовски.