14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски на Утрински брифинг: Концептот на СДСМ нуди иднина и просперитет, можеме и знаеме да отвориме 80 отсто од поглавјата на преговорите со ЕУ до 2024 година

Во однос на градењето на ЕКО држава како еден од столбовите на новата програма, генералниот секретар на СДСМ, во гостувањето на Утрински брифинг, Љупчо Николовски најави построги казни за загадувачите, посилен инспекциски надзор на истите, но и мерки кои ќе им донесат на граѓаните еколошки начини на загревање .

Чистиот воздух, почва и искористување на сите природни ресурси што ги нуди нашата држава е основа за развој на целото општество, затоа и еден од столбовите е посветен на заштита на животната средина. –истакна Николовски.

Во однос на петтиот стол од програмата односно посветеноста на евроинтеграцијата , Николовски истакна дека државата направи се ,буквално се што се бараше од неа и за тоа потврдува и најпозитивниот извештај на ЕК, во кој се нотира напредокот кој го постигнала.

Очекуваме таа историска грешка да биде корегирана и оваа стратешка цел на СДСМ заедно со коалицијата како концепт дека можеме да ја испорачаме. Односно можеме во рок од 6 години, да ги поминеме 80% од отворените поглавја, затоа што знаеме дека државата е подготвена и е многу понапред од другите,а веќе има и поглавја кои се подготвени од наша страна и кога ќе дојде моментот за кратко тие и ќе бидат затворени.

Со СДСМ тие преговори ќе траат 6 години, а со ВМРО-ДПМНЕ 60 години, затоа што имаат истрошени кадри и немаат сенс за значајноста на интересите на државата и граѓаните.

Во однос на престојната изборна кампања, Николовски истакна дека СДСМ води позитивна кампања, така и функционира партијата за тоа говорат и 750 средби со граѓаните и над 50 трибини изминатиот период.

Позитивна, модерна, брза кампања, тоа е нашиот победнички концепт, додека ВМРО-ДПМНЕ се заглавени со нивната црна кампања, заглавени во груевизмот и заглавени во темното минато и со цел враќање назад во изолација.

Затоа убедени сме дека граѓаните го препознаваат победничкиот концепт на СДСМ и коалицијата и силно ќе дадат својата поддршка на овој концепт кој нуди напредок и просперитет на државата.-заклучи Николовски.

Спонзорирано: