24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

ЈП „Водовод и канализација“ со апел до корисниците за сите услуги да се обратат телефонски или онлајн

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, ги повикува корисниците за сите потребни информации и услуги да се обратат телефонски или онлајн.

„Со цел свесна и превентивна самоизолација и избегнување физичко присуство во просториите на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, ве повикуваме за секоја потребна информација за услугите на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје да се обратите на:
-02 3073 010, Дежурноинформативен центар; -02 3240 300, Дирекција. На https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/; kontakt@vodovod-skopje.com.mk (пратете порака со вашето барање, истото ќе биде пренесено до соодветниот сектор од каде ќе бидете контактирани за одговор); -https://vodovod-skopje.com.mk/ – официјална веб-страница на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, каде имате можност да се информирате за сите услуги на претпријатието достапни по електронски пат, да се регистрирате како електронски корисник, а доколку не сте регистриран корисник да ја искористите можноста брзо плаќање“, се наведува во известувањето.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да го зголемат нивото на хигиена, да избегнуваат физички контакти, редовно да ги мијат рацете, да пијат повеќе вода и да го одржуваат имунитет, а доколку забележат одредени симптоми да се јават на 078 387 194 – Институт за јавно здравје, Скопје.