Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Скандалозен статус на Игор Јанушев: Среде криза со заразата ја шокираше јавноста со еден твитер статус

Како скандалозна, непромислена и вознемирувачка порака може да се оцени твитер статусот на Игур Јанушев, член на ВМРО ДПМНЕ:

– Наместо Министерството за здравство да биде главен заштитник од корона, тоа е најголемиот извозник на вирусот. Ништо не остана од помпезно најавуваните контроли, системот на владата е “пробиен како решето”. Најмалку што во овој случај може да се направи е итна оставка на Филипче, напиша Јанушев, член на партија во која членуваат уште педесетина илјади македонски граѓани, кој наместо да понуди поддршка и да понуди трезвеност и разум во ваква кризна ситуација со која се соочува целиот Свет.

-Е ова е политички мршојадец. Во вакви ситуации без разлика на политика сите треба да се сложни во пандемијата со короната, да апелираат и помагаат, а само ДПМНЕ се во очаен обид за жнеење ситни и бедни политички поени на сметка на глобална трагедија. Секта беа, секта ќе останат, напиша Влатко Васиљ реагирајќи на скандалозниот статус на Игор Јанушев.

– Знаеш колку политички поени ќе ќариш на ова? Ич. Дури ќе отидеш во минус. Наместо да понудите помош на министерот за доброто на сите граѓани, вие гледате низ призмата на изборен резултат. Затоа нема да ве биде, напиша твитерџијата Астерикс, како реакција на статусот на Јанушев.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Арачиново – Меѓусебна пресметка со огнено оружје меѓу неколку лица со две возила

ДЕСК

Извлечено тело на починат маж од Вардар – полицијата објави детали и идентитет на жртвата

ДЕСК

Напишал коментар на социјална мрежа, полиција му затропа на врата

ДЕСК