Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека по препорака на Комисијата за заразни болести, владата прифатила сет на дополнителни мерки за борба против ширењето на коронавирусот.
Ова следува откако вчера беше регистриран првиот случај на локална трансмисија, кога коронавирус беше потврден кај тројца членови на семејството на брачната двојка од Дебарско, која со инфекција дојде од Бреша, северна Италија.
Една од најважните нови мерки е тоа што се прекинува наставата во градинките, основните и средни училишта во наредните 14 дена. Во овие институции вработените ќе се ослободат од обврски, а на еден родител за деца до 10 години наложено е да се овозможи отсуство од работа.
Меѓу другите дополнителни мерки министерот ги наведе:
– Забрана за масовни собири и настани со над 1.000 учесници на отворен и затворен простор во наредните 14 денови, но се препопрачува одложување и за собири под оваа бројка на учесници; Во наредните 30 денови сите спортски настани ќе се одржуваат без присуство на публика; Се забранува извоз на медицинска опрема и медицински средства од операторите во Северна Македонија, односно на средства кои се користат во борба против вирусот; Повозрасните со хронични болести се советуваат да го намалат своето движење и користењето на јавниот превоз; Граѓаните се советуваат да го избегнуваат пратувањето во загрозоните области и патувањето воопшто; Се забранува организиран автобуски превоз, комбиња, автобуси кон загрозените области; Владините институции ги прекинуваат сите организирани патувања, настани и конференции
Министерот апелира да се седи дома и да нема масовно посетување на игротеки, каков што бил случајот кога имаше епидемија на морбили.
Ова се дел од мерките кои Филипче ги соопшти на прес-конференцијата и рече дека целосната листа ќе биде објавена на интернет-страниците на Министерството за здравство и на Владата.
Филипче посочи дека во земјава стотици лица се изолирани по вчерашната вест за заразената докторка, 64 вработени од клиниката за Кожни болести, 24 пациенти, како и 103 лица кои учествувале на научниот симпозиум.
Полициско обезбедиување има кај оние случаи во изолација за кој е оценето дека има потреба од тоа, нагласи министерот,