Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шекеринска носителка во петката, Николовски во тројка – Кои се носителите на листи на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев со кандидатка за пратеничка од коалицијата ќе ја предводи четвртата изборна единица, дознава Локално од извори од партијата.

Третата изборна единица, како што дознаваме, ќе ја предводат генералниот секретар Љупчо Николовски и пратеничката Јагода Шахпаска, додека пак во петката предводници ќе бидат заменик претседателката Радмила Шекеринска и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Носители на изборната листа во шестата изборна единица, според изворите на Локално, ќе бидат лидерот на Беса, Билал Касами и Фаница Николовска.

Како што претходно објавивме, носители во двојката ќе бидат техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска. По завршување на Конгресот, Заев пред јавноста ќе ги соопшти сите 120 кандидати за прареници од шесте изборни единици.

Извор: Локално.мк

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК