Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ова се кандидатите за пратеници кои ќе ги предложи БЕСА

Движењето Беса вечерва ги определи кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Одлуките се донесени на состанок на Централното собрание во Тетово.

-Се разговараше за политичката состојба и кандидатите за пратеници. На оваа средба беше изгласан и списокот на кандидати за пратеници во изборните единици, информира Беса преку нивната страница на социјалната мрежа Фејсбук.

Во Изборна единица 1 кандидати се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Во двојката Бастри Бајрами и Шенаси Геладини. Мелинда Рашиди е единствен кандидат за пратеник во ИЕ 5. Најмногу кандидати за пратеници има за шестата изборна единица: Билал Касами, Фадил Зендели, Хатије Етеми ,Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +