Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВНИМАВАЈТЕ: Поради одрон блокирана една коловозна лента на патот Делчево-Македонска Каменица

Една коловозна лента е блокирана од одрон на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани во близина на село Драмче.

– Бидејки одронот се наоѓа пред кривина кај селската продавница при доаѓање од Делчево кон Македонска Каменица, поради мракот карпата не се забележува и постои опасност за возилата и возачите. Ние ја користевме другата лента но треба да се внимава бидејки од спротивната страна доаѓаат возила, велат возачи.

Тие алармираат дека ваквата слика се повторува и на останатиот потег на неколку делници од патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево.
Од „Македонија пат”, претходно потврдија дека се запознаени со состојбата на терен и во рамки на можностите се интервенира на критичните места.

Поради дождот сообраќајот на патниот правец Делчево – Макеоднска Каменица – Кочани во текот на целиот ден се одвива по влажни коловози.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК