Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Филипче: Двајцата нови заразени од коронавирус дошле со автобус со 40-тина патници, тие се веќе идентификувани

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конференција извести за новите два случаи на коронавирус.

Се работи за двајца сопружници на 62-годишна и 68-годишна возраст во Дебар. Дијагнозата е поставена дури денеска, иако тие стигнале во Македонија на 27-ми февруари од Италија со автобус. Како што кажа тој, автобусот застанувал и во Куманово и во Скопје пред да стигне до Дебар. Сопружниците претходно биле кај матичен лекар, но тој не се посомневал на коронавирусот.

Двајцата сопружници во текот на овие денови имале контакт само со братот на жената, со него се прави интервју за да се види дали во изолација треба да се стави само тој или и членовите на неговото семејство.

Рече дека сите лица кои патувале со нив (околу 40-тина), се веќе идентификувани и ќе се прават разговори со нив и дали ќе се стават во изолација.

Двајцата сопружници вечерва со специјално возило ќе бидат пренесени на Инфективната клиника во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК