Centar.mk
БИЗНИС

Исплатени субвенциите за заклани несилки во регистриран кланичен капацитет

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 26 баратели исплати 82.832,825,00 денари за амортизирани несилки заклани во кланичен капацитет.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски информира дека станува збор за мерката „Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во преработувачки капацитет. Корисници на ова подмерка се земјоделски стопанства кои имаат одгледани и прeдадени или заклани амортизирани несилки во период од 01 октомври 2018 до 30 септември 2019 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

Висината на директнте плаќања изнесува 125 денари по несилка.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој, и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати финансиска поддршка од околу 384,7 милиони евра за развој на агро – секторот.

Можеби ќе ве интересира

Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

ДЕСК

НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА 600 ЕВРА МИНИМАЛЕЦ, СИНДИКАТИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ НА УЛИЦА: Министерот за економија потврди дека платата ќе се усогласува согласно законот

ДЕСК

Халки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар

ДЕСК