Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

По коалицијата со СДСМ, Касами на средба со Филип Рикер

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, во Вашингтон оствари работна средба со помошниот државен секретар за Европа и Евроазија и поранешен американки амбасадор во Македонија, Филип Рикер.

За средбата Касами објави на својот фејсбук-профил.

СДСМ и Движењето БЕСА минатата недела го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Со тоа, првпат во историјата се постигна предизборна коалиција меѓу партии од македонскиот и албанскиот блок.

На средба со жителите на Опае претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска истакна дека коалицијата со Движењето Беса е одраз на храброст, мудрост и вистинско сплотување.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК