Општина Кисела Вода во соработка со Град Скопје почна голема акција за чистење на дивата депонија, лоцирана во околината на фабриката „Хемтекс“.
Од утринава екипите на Градот и Општината рачно и со механизација во должина од 1 километар расчистуваат над 200 кубика отпад одложен од страна на несовесни граѓани. Покрај ова, со акцијата опфатено е и кастрење на нараснатите суви гранки.
Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавната чистота затоа што само така ќе придонесат за почиста и поздрава животна средина.