Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тамара во новата кампања на ЕУ ќе настапи во Брисел, Лондон и Амстердам

Европската унија вчера на своите социјални мрежи го објави видеото со Тамара Тодевска, кое е дел од кампањата „Европејците што прават разлика“, пренесе Локално.мк.

Кампањата има цел да им ги претстави на граѓаните на ЕУ иновативните и талентираните жени од Западен Балкан а освен Тамара, во оваа кампања учествуваат и Маја Раишевиќ од Црна Гора, Селма Продановиќ од Босна и Херцеговина, Детина и Аргита Зали од Албанија и Наташа Ковашевиќ од Србија.

Како дел од кампањата Тамара ќе има и свој настап во Брисел на 5ти март.

Нашата евровизиска ѕвезда во моментов го привршува нејзиниот трет студиски албум а во следниот период има настапи и во Амстердам и Лондон.

https://www.facebook.com/EuropeanExternalActionService/videos/1276905409367394/

.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +