7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВМАКЕДОНИЈА

Колумна на Даниел Станојоски: СОВРЕМЕН – МОДЕРЕН ТЕРК

Ако се осврнеме кон минатото, или кон она досега што поминало, ќе забележиме или ќе констатираме дека се уште сме на истата положба (стојалиште), што се нарекува „Статус Кво“.

Аналогното е апстрактно за нас, уназадени, девастирани, а споредбено треба да е запишано со големи букви, дека, во цивилизираниот, напреден и прогресивен свет, преовладуваат вредности засновани со норми и општествено здрави и ситуирани личности, индивидуи кои достигнале висок степен на едукација со чисто изградени ставови, сегментарно, во општествено – политичкото опкружување.

Ќе заклучиме (со одредени консеквенци) дека не сакаме (а не, дека не можеме) да излеземе или да се оттргнеме од овој закоравен свет, полн со омраза, презир кон неистомисленици, догми во политичко – партиските структури, опортунистички наклон и тотална бирократизација со користење на благодетите од сите пори на општественото живеење.

Ќе тргнам (започнам) во суштинскиот дел од овој мој блог што постирам од време на време, согласно моите анализи или осврт на дневно – политичките случувања, превирање или народски кажано „препокувања“, бидејќи живееме во еден изопачен свет каде е ужасно тешко да се опстојува, доколку имаш свое мислење или став по одредено општествено прашање, со мислата од Черчил која гласи: „Да го искажеш сопствениот став не значи, дрскост, туку храброст“.

Целта е да доловам неколку круцијални работи со фундаментална содржина или „природа“ на денешницава, која „копнее“ да застане рамо до рамо со прогресивниот современ начин на живот или порационално размислување, наспроти денешната примитивна заедница која доминира, за жал.

Секојдневно се соочуваме со најразлични видови на конверзација, разговори кои допираат ирелеватно во однос на што денес „навистина“ се случува или така е „сервирано“ (вообичаено со спинови) од страна на политичкиот естаблишмент, пред се, и првенствено како постулат, кој примамливо звучи, особено за оние кои по дифолт или автоматски дејствуваат, со цел да дојдат до израз кој е ептен тривијален, па и затоа може да се рече дека, иако, утопијата полека исчезнува, тука како да допрва доаѓа.

Не постои идеален (совршен) свет кој ќе им одговара на сите ентитети, без разлика на верска, етничка, партиска или друга припадност. Но, сепак, може да постои свет со етаблирани високи стандарди и вредности кои се втемелени високо на пиедесталот, општествени норми на меѓусебно почитување, кохезија помеѓу засегнатите страни и конечно искоренување на ирационалната омраза.

Да го трасираме патот кон современа и модерна средина, заедница во која сите можеме да дадеме свој придонес околу важни прашања за развој и економски просперитет.

Се се сведува на тоа „другите што ќе речат“, тоа е производ за жал, кој и денес се практикува на денешницава, обратно – пропорционално, што е резултат на долгогодишните пропаганди (пак ќе се повторам), на олигарсите и политичките елити, естаблишментот кој е со една единствена цел и стремеж (интенција), супериорно да надвладее и да се храни со егоизмот кој го манифестира, посилно и помоќно.

Постоиме, егзистираме, имаме право, Установено право за сопствено мислење и со поглед кон демократичност, да се потрудиме да разумно се стимулираме.

Всушност, Балканот отсекогаш имал многу низок менталитет, средина, упориште каде што владе голем примитивизам и малограѓанштина. Одлика на сето ова е продлабочувањето на „расплетот на околности“, со еднодимензионални претпоставки, без поткрепа на факти, аргументи и информации, наспроти стекнато искуство и вредна цел.

Со ваквата апсурдно – воспоставена практика се доведува до подло општество каде во прв ранг е омразата и лицемерието. Интелектуалното јадро не смее да си дозволи да биде замолчено без разлика која идеолошка матрица е на власт.

Секоја мисија, визија, може да се реализира доколку се има волја, а ако се има волја ќе се изнајде и начин (тоа се покажало и докажало, во пракса). За здраво и зрело општество е потребна конструктивна критика, а не „критика“ (читај хејт), на она што е воглавно спрема сите параметри напредно и авангардно за позитивна промена.

Перспективите ни се јасно и децидно поставени (надвор од опскурноста што е резултат на 29 години плурализам и „дисеминација“ на поделби по сите основи).

Да зачекориме по патот на модерниот и цивилизиран свет, каде секој ќе има шанса и право да се произнесе по однос нс одредена тема и ќе даде идеја како до подобро утре, а не (не)својствено секој да „мрчи“, како треба другиот да прави за да биде „тоа што сум јас“. (појава на синдроми и комплекси, потреба од споредување со другиот).

Да не останиме индиферентни во поглед на тоа, туку максимално да се посветиме и да се изградиме морално, за да не препознае светот дека и ние конечно сме на исто рамниште со изграден менталитет по современ – модерен и европски терк.

ПОРАКАТА Е СЛЕДНА:
„ТРЕБА ДА СЕ БАРА ЕДНАКВОСТ ВО МОЖНОСТИТЕ, А НЕ ВО РЕЗУЛТАТИТЕ“

(грев е ако не е дејствуваш, а не ако дејствуваш)

Пишува Даниел Станојоски

Спонзорирано: