Centar.mk
БИЗНИС

Grawe доби дозвола од АСО: Станува мнозински акционер во Еуролинк осигурување со 75%

Австрискaта компанија Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG (Grawe) од Грац, доби согласност да купи 75% од капиталот на Еуролинк осигурување, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), пренесе Biznisinfo.mk.

“Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на последната седница одржана на 27 февруари, постапувајќи по барањето на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Акционерско друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, донесе Решение за издавање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување“, стои во соопштението на АСО.

Според оваа Решение, коешто влегува во сила во денот на донесување, на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG со седиште на ул. Herrengаsse бр.18-20, 8010 Грац, Република Австрија ѝ се дава согласност да стекне акции, коишто претставуваат вкупен кумулативен износ којшто надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување Еуролинк Скопје.

Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на ова решение и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од пет работни дена од денот на стекнувањето на акциите, стои во информацијата до јавноста од страна на АСО.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НОВАТА КУРСНА ЛИСТА ЗА ПЕТОК – Познато е вредат еврото, доларот, фунтата и франкот

ДЕСК

Дурмиши во посета на „Киел Македонија“: Нови инвестиции, проширување на производството и можности за нови вработувања

ДЕСК

Божиновска меѓу светските лидери на COP31: Фокус на енергетската транзиција и иднината на македонскиот енергетски сектор

ДЕСК