Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Битолчанец копал во дворот и пронашол граната од Првата светска војна

Вчера во полицијата во Битола, С.П. пријавил дека при копање во дворот од куќата на улицата „Илинденска“ во Битола пронашол стара неексплодирана граната.

Полициски службеници извршиле увид на местото, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за рачна граната од Првата Светска Војна, јави МВР.

Гранатата била безбедно подигната од местото.

Можеби ќе ве интересира

Почнува реконструкцијата на Универзална сала

C +

Следува период на променливо облачно и посвежо време

C +

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК