Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Негативни се резултатите на коронавирус и кај жената која се вратила од Северна Италија

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на коронавирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава.

Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба.

„Продолжуваме редовно да ја информираме јавноста. Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на ресорното министерство“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +