Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Кинескиот мобилен гигант „Хуавеј“ ја гради првата фабрика во Европа

„Хуавеј“ ќе инвестира 200 милиони евра во првата фаза од изградбата на фабрика за производство на базни станици, што ќе значи и отворање на 500 нови работни места.Според претседателот на компанијата, Лианг Хуа, „Хуавеј“ во Франција ќе го изгради својот прв производствен погон во Европа.

„Фабриката ќе го снабдува целиот европски пазар, не само Франција“, рече Лианг.

Се очекува новата 5G-технологија за мобилни мрежи да создаде услови за значително побрз пренос на податоци. Во моментов не е познато дали таквата одлука добила „зелено светло“ од францускиот претседател Емануел Макрон, кој сака да донесе што повеќе странски инвеститори во Франција, но исто така и во неколку наврати предупредуваше на кинеското навлегување во економијата на ЕУ./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ја обвинува Кина за масовно копирање на американските модели на вештачка интелигенција

C +

Побрза и во реално време: Унапредена “Audio Eraser“ функција на Galaxy S26 Серијата

ДЕСК

Самсунг (“Samsung”) телевизори: Редефинирање на технолошкото искуство во животниот стил

ДЕСК