Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов сомнителен случај на коронавирус во Македонија

Покрај пациентката кај која вчера беше потврден коронавирус, на Инфективната клиника во меѓувреме се тестирани уште две лица, кај едното е негативен резултатот, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Едниот е возач на камион кој патувал преку северна Италија со симптоми на грип и неговиот тест е негативен, а вториот случај ежена која со сопругоит била на патување во Рим. Нејзиниот тест е само парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се прави дополнително тетсирање за да се отстранат сомнежите. Резултататите ќе бидат готови за два часа, истакна Филипче, во изјава за мадиумите на Вториот Форум за национално здравје.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК