Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Градежни работи на патот Подмоље – Мислешево

Поради изведување градежни работи на магистралниот пат А2 од Подмоље до с. Мислешево, на 26.02.2020 во периодот од 11:00 до 15:00 часот сообраќајот на тој потег ќе се одвива по Р-1208 (стариот пат). На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК