12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Снег во Македонија – времето драстично се менува: УХМР издаде метео предупредување

Денес ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, кои локално ќе бидат пообилни.

Утре и во петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см и ќе има појава на снежни наноси.

Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура ќе биде пониска за околу 10 степени.

Прогноза за 28.02.2020
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 5°С до 12°C
Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.

Прогноза за 29.02.2020
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 01.03.2020
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 11°C до 18°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Спонзорирано: