4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСТАВМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ненад Јовановиќ: Повторно иста приказна како во времето на гнасниот груевизам

Фејсбук статус на аналитичарот Ненад Јовановиќ:

Повторно иста слика. Повторно иста приказна како во времето на гнасниот груевизам. Две нарации на митингот на бандите на ВМРО-ДПМНЕ: “Заев, Заев, Заев” и, другата, членството како обична бројка, а посреде тој, Мицкоски. Гледате, имале 19 илјади на митингот? Па тоа за нив не се луѓе, не се граѓани, туку граѓаните за нив се обична бројка. Имаме 19 илјади, велат нивните медиумски јуришници. Прво немале толку, сигурен сум. Друго, поважно, што со таа бројка? Никогаш своето членство не го почитувале, тие за нив се обична маса која треба да молчи и да се брои.

ВМРО-ДПМНЕ не е партија, тоа е само еден човек. До вчера беше Груевски, а денес е Мицкоски. И на тоа имате обична бројка од некои кобајаги “19 илјади”. Тие имагинарни 19 илјади за нив се обично тесто за месење. Тие не се тука да протестираат за правда. Тие се тука доведени да ја штитат и бранат мафијата на Груевски која веќе има судски пресуди.

На 12 април ќе видат дека сепак, и после се’, доброто и нормалното во оваа земја ќе победи. На 12 април ќе видат уште еднаш дека нашиот глас ќе ја промени целата земја.

Успеавме еднаш. Ќе успееме повторно. Ние успеавме еднаш, ние ќе успееме повторно!