Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Институциите надлежни да постапуваат по пријави за изборни притисоци се подготвени за брза реакција

Раководните лица на институциите кои се надлежни да постапуваат по претставки за притисоци врз вработените во јавниот сектор, за време на предизборна кампања денеска остварија средба со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Како што информираат од ресорното министерство, средбата била со цел координација и подготовка за брза и професионална реакција и постапување по однос на сите претставки кои ќе присигнат.

„На состанокот беше заклучено дека сите институции се подготвени да постапат согласно законските обврски и надлежности. Целта е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори“, се наведува во соопштението.

На средбата присуствувале претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, директорот на Агенцијата за админстрација Спасе Глигоров, Фаница Николоска, директорка на Државниот управен инспекторат, директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спироски, директорот на Државниот трудов инспекторат Алајдин Хавзиу и Зоран Билбилоски од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК