Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров во работна посета на Чешка

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре е во работна посета на Прага, Република Чешка.

Денешниот ден ќе биде посветен на билатерални средби со чешките домаќини, министерот за надворешни работи, Томаш Петричек, а предвидени се и состаноци со претседателот на долниот дом на чешкиот парламент, Радек Вондрачек, и со државната секретарка за европски прашања, Милена Хрдинкова, како и учество на панел-дискусија во Институтот за европска политика – ЕУРОПЕУМ.

За време на утрешниот ден, Димитров ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од вишеградската група – V4 и земјите од Западен Балкан – WB6, кој се организира во рамките на чешкото претседавање со вишеградската група. Состанокот се очекува да овозможи отворена дискусија на министрите и претставниците на ЕУ-институциите за состојбата и очекувањата поврзани со евроинтегративните процеси во регионот.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК