Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 69 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 47,5 денари за литар.

Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар на 58,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 денари на 33,565 денари за килограм.

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка

C +

Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата

C +

Кинески пари на европските улици: Запленети 1,2 милијарди лажни евра

C +