Секогаш во средиштето на збиднувањата...

МВР го потврди инцидентот за кој објави CENTAR: Двајца скопјани повредени во синоќешното пукање

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје, јави МВР.

Повредените биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно Centar.mk објави првични детали за инцидентот

Предмалку пукање во Скопје: Стрелано кон возило ауди – има ранети, еден се бори за живот