14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Косовец внел кокаин во затворот Идризово додека бил во посета

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение до Основниот кривичен суд Скопје против косовски државјанин кој се товари дека при посета на затвореник донел дрога во затворот Идризово.

„Обвинетиот на 31 јануари во просториите на Казнено-поправната установа ‘Идризово’ во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено пуштил во промет наркотична дрога кокаин со нето-маса од 89,96 грама. При влезот во установата обвинетиот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога кокаин“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото што му се става на товар.