26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите за распоредување на министерот се незаконски.

„Согласно Законот за Влада и согласно договорите од Пржино од 2016 година, техничкиот министер за внатрешни работи во мандатот на предната влада има право да изврши само 15 промени во раководните структури на МВР, и тоа само по хоризонтална линија.
До моментот на одржувањето на 9-тата седница, техничкиот министер имаше направено промени на 14 раководни места по хоризонтална линија, и дури 131 распоредување по вертикална линија, што е спротивно на Законот за влада и договорите од Пржино“, велат од Владата.

Од таму наведуваат на 9. седница била донесена одлука да бидат поништени решенијата и наредбите со кои се налагаат кадровски промени по вертикална линија во структурата на МВР и дека на техничкиот министер за внатрешни работи Чулев детално му биле објаснети и протолкувани одредбите според кои тој не смеел да ги издаде тие решенија и наредби, и му биле објаснети одредбите според кои Владата е овластена да ги поништи.

„За ова на увид на јавноста може да послужи стенограмот од 9-тата седница на Владата.
Владата на Република Северна Македонија никогаш нема да си дозволи да ‘уништи’ или да ‘прикрие’ докази како што порачува Чулев и ги повикува сите надлежни институции и јавноста да извршат увид во стенограмите и одлуките од 9-тата седница на Владата“, се наведува во демантот.