19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Влажен бран ќе ја зафати Македонија: Драстична промена на времето, подгответе се за снег и дожд

Утре кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време, а пораст на дневната температура се очекува од недела.

Прогноза за 20.02.2020
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 4°С до 10°C
Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 21.02.2020
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 22.02.2020
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 5°C до 13°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.