14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: И Чулев како извршителот Мицкоски, шири лажни вести и не работи во интерес на граѓаните и државата

-Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи по инструкциите на извршителот Христијан Мицкоски, шири лажни вести и работи спротивно на интересите на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

-Додека Чулев глуми загриженост за набавката и квалитетот на чизмите за полицајците, вистината е дека чизмите за кои зборува тој, се набавени од страна на Ѓоко Поповски. Тоа е истиот Поповски близок соработник на Гордана Јанкуловска, човек осуден во судскиот предмет „Тенк“.

Освен што шири лажни вести и не презема ништо што е во интерес на полицајците и граѓаните, Чулев одбегнува јавно соочување со дополнителната заменик -министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, во страв дека неговите лаги и јавно ќе бидат разобличени.

Тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, лажни вести, неработење, бегање од јавно соочување и обиди за враќање на режимот.

Затоа на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе бидат поразени, на 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе, реагираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.