17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов: Убеден сум дека не станува збор за лажна вест туку за неконзистентност во ставовите на ДПМНЕ и нивните функционери

фејсбук статус на Костадин Костадинов:

Убеден сум дека не станува збор за лажна вест туку за неконзистентност во ставовите на ДПМНЕ и нивните функционери.

Најавуваа дека ќе блокираат улици, дека незадоволството на граѓаните ќе се излее на улиците.

Најавуваа дека не гледат причина да влезат во собрание после 12ти, дека ќе бојкотираат ама 1 час подоцна се предомислија.

Како и за се друго ДПМНЕ практично не знаат што со себе и со партијата.

Поразот на 12ти Април за ВМРО-ДПМНЕ е суровата вистина која не можат да ја прифатат.Ништо што кажаа дека ќе спроведат не им успеа.

Тоа е таа летаргичност, неорганизираност, дезориентираност, која ушто толку ги дозакопува во калта во која се заглавени.

Не ви успеа одбраната на криминалот, нема да ви успее ниу една друга монтировка, приказна која може единствено да ја произведе вашата криминогена потсвест а со крајна цел, враќање чекор назад во темното минато на режимот и криминалот.