Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Манчевски: Поразително е именуваниот кадар на ВМРО-ДПМНЕ во МИОА, тоа што наместо да се спротистави на лажните вести, таа ја лаже и манипуилира јавноста

Дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски, објавува лажни вести за притисоци во јавната администрација. Со фотографии од училишта кои работат само во една смена, шири дезинформации дека вработените таму предвреме ја прекинале наставата, пишува Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, на својот Фејбук профил.

Тој додава дека заменичката министерка споделува неточни информации дека шалтерите на Катастарот, вчера не работеле.

„Вистината е дека, како и секој ден, така и вчера, шалтерите со број 4 и 13 во Катастарот работел во две смени, до 20.00 часот.

Поразително е именуваниот кадар на ВМРО-ДПМНЕ во МИОА, како министерство надлежно да се спротистави на лажните вести, да ја лаже и манипуилира јавноста“, истакна Манчевски.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за јавно обвинителство на јавна расправа

ДЕСК

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Студена воздушна маса носи дожд и снег низ Македонија – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК