5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

„Рекет“: Клучните снимки за Катица Јанева и Боки 13 останаа зад затворени врати

За жал не смееме да ги коментираме снимките кои беа пуштени зад затворени врати, изјавија адвокатите на обвинетите, Бојан Јовановски и Катица Јанева по завршувањето на денешното рочиште, јави Локално.мк

„Нема да коментираме ништо во врска со овие снимки, а за другите докази ќе си кажеме во завршниот збор и дали има доволно докази за поткрепа на обвинение. Нашиот став барем за Катица Јанева е дека не постојат доволно докази со што би се потврдила нејзинаа вина“, изјави Дељо Кадиев.

Според адвокатката Ирена Фрчковска, со исклучување на јавноста денеска беше оневозможено истата да биде запознаена со содржината на тие снимки.

„Тоа беше конечната одлука на судот. Вие видовте дека и ние реагиравме“, истакна Фрчковска.

Таа потенцираше дека токму овие снимките се оние за кои Јанева тврдеше дека со нив почнува нејзината одбрана и со кои конечно ќе стане јасно, кој манипулирал, кој правел рекет, а кој поткуп.

„Од снимките, само за една можеби требаше да се исклучи јавноста, но другите снимки требаше да се презентираат јавно“, додаде Фрчковска.

Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски изјави дека законски јавноста треба да биде исклучена само ако се наштети на интересите на обвинетите, оштетените или сведоците, а не на трети лица.

„Вчера беше одлучено поради интерес и да немало некакви шпекулации да се слушаат снимките, но јавно, за денеска да имаме потполно нова ситуација поради заштита на интересите. Членот 354 од ЗКП јасно кажува во кои случаи се исклучува јавноста, тоа се интересите на осомничениот, на оштетениот, на одредени лица кои се таксативно наведени. Не може само да се каже за заштита на нечии интереси. Второ, бидејќи судечкиот совет ги нема слушнато претходно овие материјални, најмалку што требаше да направи обвинителката е прецизно, релевантно и категорично да го убеди судечкиот совет зошто бара исклучување на јавноста“, изјави Дуковски.

На следното рочиште, во четврток во 10 часот пред судот треба да почнат сведочењата сведоци кои ги предложи одбраната на Јовановски.

Спонзорирано: