4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пензиите се зголемија 700 денари

Јануарската пензија е повисока 722 денара месечно, а ова зголемување влегува во основицата на пензијата што ќе се исплатува секој месец, рече дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, на денешната средба со пензионерите во Велес.

„Водиме одговорни политики. Секој пензионер во февруари доби 722 денара повеќе. Го зајакнуваме животниот стандард на пензионерите, а просечната пензија изнесува 15.500 денари. Покачувањето на пензиите е планско, со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем и раст на економијата во државата“, посочи Шкријељ.

Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова, на работната средба укажа дека најважна е редовната исплата на пензиите, но и стабилноста на пензискиот фонд.

„Сите пензионери сакаат повисока пензија, но не смее да се дозволи ерозија на пензискиот систем. Затоа, многу е важно што ова зголемување доаѓа како резултат на реформата и стабилизирањето на пензискиот систем. Особено сакам да одговорам на прашањето што често ми го поставуваат – дали и во следната пензија ќе биде вграден порастот на пензијата. Да, и во март пензијата што ќе ја добиете, повторно ќе биде повисока 722 денара. Ова усогласување е направено со закон и е трајно, ќе се пресметува редовно секој месец“, рече Трајкова.