23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Од полноќ повисоки цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек 0,84 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени во согласност со одлуката од 10.2.2020 година.

Од ноќеска на полноќ на 18.2.2020 година малопродажните цени на „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“, „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари за литар и сега малопродажната цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 66,00 денари за литар, а за „евросупер БС-98“ ќе изнесува 68,00 денари за литар, малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) ќе изнесува 58,00 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе изнесува 46,50 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,246 денари за килограм и ќе изнесува 33,140 денари за килограм.

Од ноќеска на полноќ 00.01 часот на 18.2.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 66,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 68,00 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 58,00 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 46,50 (денари/литар)
– мазут М-1 НС – 33,140 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена во согласност со методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување, и тоа кај бензинот во просек речиси 0,35 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек приближно 1,19 отсто, кај екстра-лесното масло има зголемување во просек речиси 0,64 отсто, а кај мазутот има намалување во просек речиси 0,24 отсто, но земајќи го предвид растот на курсот на денарот во однос на доларот од 1 отсто во изминатиот седумдневен период, извршено е соодветно приспособување.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 18.2.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.