Германската Сојузна агенција за вработување бара владата да не ја намалува годишната квота за работници од Западен Балкан. Сегашниот модел овозможува до 50.000 лица годишно да влезат на германскиот пазар на труд преку посебната регулатива.
Повеќе од половина милион луѓе од Западен Балкан веќе работат во Германија на работни места со социјално осигурување. Според агенцијата, 53 проценти се квалификувани или висококвалификувани, а голем дел работат во сектори каде Германија има сериозен недостиг на кадар.


