Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Следува прочистување на правосудството – приклучете се на маршот „Чекориме за правда“ од 18:00 пред Собранието

Обраќање, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ – интегрален текст

 

Нашата заложба за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства – успева.

Собранието со потребното мнозинство пратеници го усвои Законот за јавно обвинителство.

Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот.

Им честитам на пратениците кои го поддржаа овој Закон. Огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики. Нема веќе простор за криминални структури и за политичари кои поддржуваат криминални интереси.

Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија!

Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја.

Правда ќе има, правдата доаѓа.

Затоа, ве повикувам денеска со почеток во 18 часот да се приклучите на Маршот „Чекориме за правда“.

Тргнуваме од Собранието – и завршуваме пред комплексот судови – таму ја упатуваме нашата порака.

Следува прочистување на правосудството. Тоа имаме да порачаме и за тоа бараме поддршка, од вас од граѓаните!

Ве повикувам сите праведољубиви граѓани, да ни се приклучите.

Се гледаме во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда!

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК