23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

„Мајкрософт“ се согласува петоците да бидат слободен ден за вработените

Работниците во Јапонија прекинаа да работат во петоците, а продуктивноста порасна 40 проценти.

Ова е голема пресвртница за секоја компанија која размислува да го направи петок официјален слободен ден.

Според сознанијата на „Мајкрософт“, одлуката да им се дозволи на вработените да работат само од понеделник до четврток резултира со 40 проценти зголемување на продуктивноста. Тие ја тестираа теоријата во Јапонија преку програма што ја нарекоа „Предизвик за избор на работниот живот“.

Давајќи ја им ја можноста на вработените да не доаѓаат на работа во петоците еден месец, „Мајкрософт“ ги спореди резултатите од истиот период минатата година.

Како што можете да очекувате, ова е момент на висока петка за стартап.

Четиридневна работна недела веќе одамна е карактеристика на новоформираните компании заедно со бесплатните закуски и кафе и можноста да се донесе домашно милениче на работа.

Тоа е промена во начинот на размислување – работиш напорно четири дена, ги извршуваш сите задачи што ти се доделени и се фокусираш на твоите напори за покус временски период.

И потоа петокот го користиш како слободен ден.

Сè е поврзано со тој момент.

Според американскиот бизнис-магазин Inc. Magazine, ако сте завршиле тон работа од понеделник до четврток и сте го подобриле маркетинг-планот, или сте ги зголемиле продажбите, или можеби сте ги комплетирале сите пресметки и наплати за таа недела и се чувствувате потполно удобно со тоа што сте го оствариле, има смисла да го земете петокот како слободен ден и да ужувате во долг викенд. Го заработивте“.

Досега, немаше ваков вид поддршка од голема компанија, како „Мајкрософт“, каде што има вистиснки податоци за да се поддржи гледиштето за продуктивноста. Читавме блогови и книги, гледавме како компаниите ја спроведуваат таквата политика и можеби дури видовме и некои податоци за да нè убедат, но „Мајкрософт“ сега официјално се согласува со концептот.

Тестот опфатил 2.280 вработени, а повеќе од 90 проценти од нив изјавиле дека имаат пораст на продуктивноста. Интересно е што тие исто така воспоставиле политика со која состаноците ќе траат 30-ина минути. Тоа е важно ако соберете колку вкупно време луѓето се во канцеларија, а повеќето од нема да бидат таму во петок.

Крајниот ефект е што состаноците станаа попродуктивни и поефикасни најмногу затоа што мораше да бидат такви./Makfax