Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Струмица – Ново село, има повредени

На 15.02.2020 во 07.40 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота авенсис“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(27) од с.Турново, струмичко, патничко возило „шевролет матиз“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(64) од с.Босилово, струмичко, и патничко возило „рено твинго“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А.(61) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.А. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека со телесни повреди се здобиле Ѓ.С. и К.Ѓ.. увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

За време на увидот од 08.00 до 12.00 часот собраќајот бил во прекин во двата правца.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +