Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласале за „Северна“ во Законот за служба во Армијата, а го „бранат“ името во Законот за одбрана

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немале проблем да гласаат за „Северна“ кога се носеше Законот за служба во Армијата.

Членот од тој закон каде што се менува Република Македонија во Република Северна Македонија, го гласале и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Мицевски, кој е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Листите од Собранието покажуваат дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ без проблем гласале за „Северна“ во Законот за служба во Армијата.

Сега, кога се гласа за Законот за одбрана, кој е од голема важност за членството во НАТО, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имат проблем и не сакаат да гласаат, наводно поради променетото име.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +