15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Отстранети 222 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела, со специјалните возила пајак се подигнати 222 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 38 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 184 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 359 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 38 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

„Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка“, велат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК

Герасимовски: Спортот ја развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски

ДЕСК