Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители го осудува поставувањето експлозивна направа во возило на обвинител од Кичево

Советот на јавните обвинители најостро го осудува поставувањето експлозивна направа во возило на јавен обвинител од Кичево.

„Овој чин претставува акт на насилство и закана не само врз јавниот обвинител и членовите на нејзиното семејство, туку е и акт насочен против сигурноста на сите јавни обвинители и функционирањето на целата јавнообвинителска институција и правосудството во целина. Начелата на законитост и објективно вршење на функцијата јавен обвинител се начела утврдени со уставот и законите, кон нив, сите јавни обвинители мора доследно да се придржуваат при извршувањето на својата функција и каков било акт на насилство и закана спрема нив лично или институцијата во целина нема да ги поколеба да отстапат од овие начела при спроведувањето на кривичното гонење“, велат од Советот преку соопштение.

Оттука очекуваат дека надлежните државни органи наскоро ќе ги откријат сторителите на овој чин на насилство и нивните мотиви.

Советот на јавни обвинители изразува силна поддршка на јавниот обвинител врз кој е спроведен овој чин на насилство, и на сите јавни обвинители во бескомпромисната борба против криминалот.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.