Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Продолжуваат чудните измами низ Скопје: Му јавиле дека ќерката му направила сообраќајка, па му ги собрале парите

На 13.02.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, Б.М.(68) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице. Според пријавеното, околу 10.55 часот на телефон му се јавило лицето и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот.

Исто така, според пријавеното, тој се согласил на тоа и во 12.44 часот пред неговата куќа му предал пари на лицето. Во 15.50 часот Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

ДЕСК

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: По сончевиот викенд, повторно дождови – Синоптиачрите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК