Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден 67-годишник кој паднал од мотоцикл

Жител на селото Ракитец на возраст од 67 години со тешки повреди бил пренесен во Клиничкиот центар Штип откако паднал од мотоцикл на локалниот пат меѓу селата Долно и Горно Липовиќ.

Како што информираат од МВР, настанот се случил во попладневните часови на 12 февруари, на местото викано Дебела Бандера, а 67-годишникот управувал мотоцикл „шерк 110“ без регистарски ознаки и во еден момент паднал на коловозот.

На местото на настанот бил извршен увид од екипа од Полициската станица Радовиш./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК