Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МНР: Еден од Македонците на крузерот во Јокохама е заразен со коронавирус

Потврдено е присуство на коронавирусот кај еден од македонските државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess” во Јокохама, Јапонија, соопшти МНР. Како што се додава, заразениот во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија.

Од МНР велат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин.

Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.

Министерството за здравство на Јапонија продолжува со спроведување на тестови за присуство на коронавирусот кај лицата кои се наоѓаат во карантин на бродот. При вршење на анализите предност имаат лица со симптоми кои укажуваат на присуство на вирусот, лица над 75 годишна возраст и лица со хронични заболувања.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, преку амбасадата во Токио, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во Јапонија и остварува комуникација со надлежните јапонски органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на корона вирусот.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК