2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски најавува криза ако не се распушти парламентот во недела

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден дека на 12 април ќе има предвремени избори, а ако Собранието не се распушти до недела, според него ќе настапи сериозна политичка криза.

– Убеден сум дека ќе се одржат изборите на 12 април. Ако не се распушти Собранието до недела влегуваме во сериозна политичка криза, вели Мицкоски, кој вечерва гостуваше во емисијата на Алфа „Што не е јасно? во одговорот на прашањето дали по барањето за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е можно да се случи престврт и да се доведе во прашање одржувањето на изборите.

Тој рече дека денеска во Собранието се вршел пазар за да се обезбеди двотретинско мнозинство за предлог законот за јавно обвинителство.

– Не би сакал да се симнувам толку ниско да откривам како течел пазарот денеска. Но ова е показна вежба што ќе се случува на 12 април, и ден потоа кога ќе изгуби Заев и ќе се види уште еднаш на што се е подготвен, вели Мицкоски, според кого предлог-законот за ЈО е неуставен и неговата партија нема да го поддржи.

Тој зборуваше и за тоа зошто неговата партија нема да го напушти Собранието, појаснувајќи дека доколку неговата партија се одлучела на таков чекор експресно ќе биле изгласани не само законот за ЈО, туку и други закони, од кои според Мицкоски ќе профитира семејството на Заев.

-Најсреќен ќе беше Зоран Заев да го напуштевме ние денеска парламентот, сите оние закони за марихуана ќе си поминеа. Најсреќен тој ќе беше ние вчера да завршевме со изјава после ИК на партијата дека го напуштаме парламентот. Сите верувајте денеска на брза трака ќе влезеа сите закони, не закон за обвинителство туку оние закони кои ќе донесеа пари во фамилијата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе причини наброја зошто не го прифаќа законот за ЈО, а меѓу нив повторно го спомена членот 110 каде што, како што рече, „стои јасна амнестија на кривични дела или пак кривични дела кои што се поткрепени со докази на стекнат матерјал како што е снимање итн“.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +