Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мизрахи го крши Уставот и дрско лаже, таа е олицетворение на груевизмот која работи против ЕУ и НАТО по налог на Мицкоски

-Граѓаните на дело гледаат што значи враќањето назад за кое со години зборува извршителот на Никола Груевски и заштитник на неговиот криминал, Христијан Мицкоски, соопшти денеска СДСМ.

„Послушничката на Христијан Мицкоски и кадарот на Груевски Рашела Мизрахи не само што го крши Уставот и го загрозува членството во НАТО и ЕУ туку и дрско лаже.

Мизрахи лаже дека немало нова табла во Министерството за труд и социјална политика. До доаѓањето на Мизрахи во Министерството се почитуваа уставот, законите и уставното име на државата.

Таа по налог на Мицкоски и Груевски свесно го прекршува Уставот, го загрозува членството во НАТО и ЕУ ризикува враќање на кавгите со соседите и нови блокади.

Тоа е единствена цел на извршителот Мицкоски, државата да се врати во изолација, во режим, да биде надовр од НАТО и ЕУ.

Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против ЕУ и НАТО.

Граѓаните, јавноста, демократските сили, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ја врати државата во темното минато, во изолација, криминал, надвор од ЕУ и НАТО.

Затоа на 12 април ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе бидат казнети, а нивните погубни политики повторно ќе бидат поразени.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК